Мило Ѓукановиќ е еден од најдолговечните политичари во Европа. Неговиот подем почнува во 1990 година кога Социјалитичката партија на Црна Гора ја преименува во ДПС и се врзува со Слободан Милошевиќ.
Набрзо станува негов верен пулен и подржувач на политиките. Мило не се откажа од Слобо ниту за време на бомбардирањето од страна на НАТО во 1999 година кога бомби паѓаа и на Црна Гора иако не колку во Србија.
По смртта на Милошевиќ, Ѓукановиќ се свртува кон Русија и руски бизнисмени станаа најголеми инвеститори во Црна Гора а тој голем поддржувач.
Но, по прогласувањето на независнот од Србија во 2006 година Ѓукановиќ станува голем Еврпеец и земјата ја внесе во НАТО и ги отвори речиси сите поглавја со ЕУ.
Но, тоа не го спречи заедно со неговата фамилија да ги контролираат речиси сите бизниси и тендери во државата и да стане еден од најбогатите политичари на Балканот. Во тој период се соочи со обвинение за шверц на цигари која на чуден начин беше повлечена од страна на италијанското обвинителство.
Неодамна поранешниот американски амбасадор на Југославија изјави дека САД знаеле за шверцот на Ѓукановиќ но го толерирале бидејќи тој работел против Милошевиќ.
За секој случај ЦИА имале спремен брод во Хрватска за да евакуираат од Црна Гора
Гневот на народот го собра минатата година кога со Законот за верски слободи сакаше да ја затвори Српската православна црква и да создаде нова, црногорска црква. Како капак на се, неговите приврзаници се обидуваа да го спречат устоличувањето на српскиот митролилит Јоаникије на Цетиње но во тоа не успеаја.
Comments are closed for this post.