Стојменовски: За да не остане слепо црево на истокот, клучно е Делчево автопатски да се поврзе со Благоевград

05.09.2021 / 11:52


Во пресрет на локалните избори во студиото на Република разговараме со кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ Николчо Стојменовски. Ветеринар по професија, кој го стекнувал работното искуство во Бугарија и Германија, но и во родното Делчево.

Теренската работа во Делчево му овозможила одблизу да се запознае со проблемите на своите сограѓани, да го посети секое село во општината, но и да ги слушне решенијата што ги нудат жителите.

Без европските фондови и без соработка со невладините организации попусти се ветувањата на партиите. Внимателен во ветувањата кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека клучно во решавањето на горливите проблеми на општината ќе биде обезбедување средства за реализација.

Делчево е сиромашна општина, со мал буџет, а тоа ограничува, вели Стојменовски.

Проекти на кои ќе им го посвети мандатот ги издели водоснабдувањето, градскиот и меѓуградскиот превоз, иселувањето и на повозрасното население, туристичката понуда на областа Пијанец…

Иако инфраструктурно градот е добро поврзан со соседните поголеми градови, на Делчево му недостасува меѓуградски превоз, вели Стојменовски.

Свесен е дека се нафаќа на одговорна задача во многу тежок период за општината опустошена од пожарите. Штетите од пожарите се огромни и ќе треба да поминат години за да се залекуваат изгорениците.

Ќе оди тешко, но ќе пошумуваме, ќе правиме акции со граѓани, здруженија. Се надевам дека и институциите ќе помогнат да се санираат последиците. Можеше да биде поинаку. Пропуст има и локалната и централната власт. Имаше акција, учествував и јас, но си метла и лопата не се гасне пожар, вели Стојмановски.

Делчево го има Голак со одлични услови за излетнички, спортско-рекреативен туризам, но неговиот капацитет не е искористен. Единствениот сместувачки капацитет на Голак е руиниран. Ревитализацијата на Голак несомнено ќе претставува заживување на Пијанец, а е високо на агендата на Стојменовски.

Голак е голем проект. Затоа ќе назначиме посебен тим со координатор кој ќе работи исклучиво на заживување на Голак како туристички спортско-рекреативен центар. За да се искористи културно-историскиот потенцијал на Пијанец, посебен третман ќе имаат и самите села, селото Разловци како вистаничко место, селото Стамер како наоѓалиште на посебен вид животни. Посебен третман ќе добие и фолклорната група „Копачка“ од селото Драмче, а наша идеја е и ѕвегорска Сурова да стане дел од туристичката понуда.

Долгорочно, Стојменовски го гледа Делчево како град-крстосница меѓу Македонија, Бугарија и Грција.

За да не остане слепо црево на истокот, клучно е Делчево автопатски да се поврзе со Благоевград, убеден е тој дека ќе добие поддршка од централната власт за реализиација на овој проект кој директно не е под надлежност на општината.

Не им замерува ништо на претходниците, зашто, како што вели, секој од нив изградил нешто во градот, се вложил, но работа се уште има. На овие избори негови единствен противкандидат е актуелниот градоначалник Горан Трајковски.

Му ветувам фер кампања, вели Стојменовски на крајот на интервјуто, кое можете да го погледнете во целост.

 

 

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Растот на пензиите е 16 пати поголем од времето на СДСМ, денес се живее подобро од пред три години

пред 2 дена
Македонија

За НАТО фестот во 2018 година СДСМ за четири дена потрошиле 244.000 евра, организацијатата траела само четири дена

пред 2 дена
Македонија

Што е ЕТИАС кој ќе стартува наскоро: Виза е, но не е виза

пред 2 дена
Македонија

Николоскоски: . Само за удари од кучиња во „Македонија пат“ 3,5 милиони евра се пресудени оштети

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Судството е заробено од претходната власт, но правдата мора да победи

пред 3 дена
Македонија

Врховните судии се личности на неделата

пред 3 дена
Македонија

Гладен Османи само власт сонува

пред 3 дена
Македонија

Се сеќавате на НАТО фест и на Самитот на ОБСЕ, каде завршија парите?

пред 3 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

пред 3 дена
iptvbetciostarzbetankara escortjojobetultrabetjojobetjojobetcasibomHoliganbetHoliganbetCratosroyalbetPusulabetPusulabetHoliganbetJojobetgrandpashabet girişgrandpashabet girişjojobet girişstarzbetjojobetJojobetMarsbahisegebetjojobetcasibomcasibomjojobetjojobetjojobetMarsbahissekabetsekabetcasibomjojobetstarzbetMarsbahisMarsbahis GirişsekabetBahsegelMarsbahis