Намерата да се променат нештата беше основниот мотив да се кандидирам за градоначалник на Општина Центар, вели професорката Наташа Котлар во интервју за „Република“.

Професорката нагласува дека општина Центар е центарот на државата но оти е многу специфична општина со своите 45.000 жители.

 

Општината ја доживувам како еден микросвет и на политички и на социјален,  економски и на културен план. Сепак во општината нешто треба нешто сериозно да се смени а тоа го детектирам во културата на однесувањето на оние што работат во општината, но и оние кои се упатени кон општината. Сите проблеми во општината се резултат на недобрата организација во општината, непочитувањето на законските норми во работењето на Советот но и на градоначалниците и на вработените. Не сметам дека еден градоначалник треба да се занимава со инфрасктуктура.Еден градоначалник мора да има визија, концепт и да ја оранизира работата и функцијата на општината внатре, но и кон граѓаните. Повеќе ја сфаќам организациски, поврзувачки но и многу присутност четири годиниобјаснува професорката.

Во кампањата, професорката смета дека се потребни и непосредни средби со граѓаните но и да се користат социјалните мрежи.

 

И двете работи се потребни.Општина Центар е малку поспецифична и комуникација со луѓе е потребна бидејќи таму живеат луѓе со соодветна интелектуална, академска и култулоршка подлога така да таа комунација е задолжителна, но и модердните технологии. Мојата намера е враќање на довербата а таа може само да се врати со еден посветен однос, односно со работа. Ниту со зборови ниту пак со лажни ветувања-вели Котлар.

Професорката ги разјасни дилемите околу нејзината кандидатура која во принцип е независна, но ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Јас потекнувам од една мала политичка партија која има понов датум на формирање, меѓутоа како опозициска партија нормално е да бидете упатени кон опозициските фактори.Се случи таа соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Нормално е партии со опозициска политика да соработуваат-објасни професорката.

Таа очекува да привлече и голем дел од неопределените и незадоволните гласачи и оти најавите за независни листи е продукт на она што се вели демократија.

Нека има, јас ги поддржувам. Од мноштвото идеи може да се изроди и соодветен квалитет но се сомневам дека изборниот процес таков каков што е ќе им овозможи сите идеи да ги артикулираат. За малите партии овој изборен систем е немилосреден-искрена е професорката.

Целото интервју слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.