Јас сакам да има попис и сите што сме во оваа држава сакаме да имаме попис но тоа не значи дека сега мора да биде и на начин како што е сега вака предвидено, коментира професорката Котлар на најавите на Заев дека попис мора да има за да се знае дали сме држжава или нација.

Имаме потреба од таа статистичка евиденција но немаме потреба од политички влијанија и манипулации. Не смее да се избрзува оваа постапка туку треба да биде одлично организирана за да не остане никаков простор за недоверба кон резултатите и нивно непризнавање.

Коментирајќи ги случувањата во Бугарија професорката смета дека ќе се оди на нови избори и оти тука препозава и прозападни и проруски влијанија.

Во преговорите Македонија мора да настапи како држава која има своја нација, бидејќи нацијата настанува кога се создава една држава, а еден народ создава една држава.Бугарија има крајно недолични барања во однос на нашиот идентитет, култура и историски карактериститки-вели Котлар во интервју за „Република“.

Таа е децидна дека македонската историја има свој развој, свој континуитет и свој народ и секој што оди на таа линија дека сме создадени 1945 година од Коминтерната е една лага која што е креирана во тоа време.

Kотлар смета дека е крајно недолично Грција да проверува до каде е спроведувањето на Договорот од Преспа и дооаѓањето на нивнитот шеф на дипломатијата во Скопје.

Странскиот ракопис на Договорот од Преспа никогаш не водел грижа за македонските специфики.Најлошото го гледам во употребата на македонскиот атрибут. Затоа крајно недолично е доаѓањето на грчкиот минитер небаре ние сме малите ученици па сега дошол инспекторот да види. Каков-таков што е тој договор предвидува обврски за другата страна.А кој ќе ја контролира другата страна. Од другата страна на границата се уште стои „Скопиа“ и друг недолични коментари.

Заев е само израз на нашата култура по однос на политиката и општественото живеење. Колку побрзо ние ќе сфатиме дека таква една политичка појава треба да биде елиминирана во политичка и културолошка смисла толку побрзо ние ќе почнеме да ги возобновиме државните инситуции што некогаш сме го имале со асномските одредби

Професорката смета дека професорите кои го поддржуваат Заев во кршењето на законите и Уставот тоа го прават само од лични интереси.

Тоа е веќе оксиморон, како велат неуставни подзаконски акти. Тоа е формулација кој предава уставно право.Тука гледам само лични интереси и побуди, меѓутоа тие имаат силна рефлексија на нашето општо живеење.Несфатливо ми е и зошто Уставниот суд сака да си биде во една хибернирачка функција.