После победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори власта на Зоран Заев ќе биде делегитимирана и ќе следи ново владејачко мнозинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Ал Џезира Балканс“.
Мицкоски истакна дека после локалните избори на кои ќе победи опозицијата, ќе има премин на пратеници од владејачкото мнозинство кои се незадоволни од Зоран Заев и имаат желба за формирање на нова власт.
– Ценам дека во редовите на опозицијата ќе има премин на пратеници кои во овој момент формално се уште го поддржуваат владејачкото мнозинство. Меѓутоа во разговори со нас го изразија своето незадоволство и да станат дел од ново мнозинство. Тој процес ќе биде забрзан со резултатите од локалните избори кои ќе бидат во наша корист со што владата на Зоран Заев ќе биде делегитимирана, нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.