Премиерот Заев објасни каков ќе биде третманот на бегалците и оти ќе важат принципи на човченост и на хуманост.
-Ќе ги пречекаме сите тие граѓани, кои веруваме дека од следните денови ќе дојдат во нашата земја. Ќе им понудиме сместување. Државата донесе одлука, да го плати транспоротот од аеродром до хотелите. Веќе се направени аранжманите и договорите со сите хотели. Ќе се овозможи бесплатна вакцинација на тие што немаат вакцинација, ќе се направат бесплатни ПЦР тестови и ќе им се понуди бесплатен здравствен преглед. Трошоците за нивното сместување ќе бидат покриени од соодветните институции и организации и САД, но и владата донесе одлука да преземе дел од тие трошоци, затоа што се работи за достоинство и капцитет на нашата држава, изјави Заев.
Прашан дали бројката од 450 авганистански државјани е конечната бројка, Заев рече дека тоа што е досега потвредено е 450 луѓе, но дека може да се јават дополнителни 50, 70, 90 луѓе, за кои како ќе биде потвредено, така и ќе информираат во јавноста.
-Капацитетите се огромни. Досега имаме хотели кои понудиле поголеми капацитети и места за 300 и 500 луѓе. Апсолутно се работи за луѓе со свои квалификации и верувам за време на нивното задржување во Македонија, ќе можеме да направиме нивно здравствено и секаквко згрижување, но секако и општествен ангажман. Најважно е да го покажеме хуманиот аспект, да ги зачуваме животите, да пружиме рака према деца, студенти, жени и миротворци, активисти за човекови права, политики и т.н. изјави Заев
Comments are closed for this post.