Офанзива на сириската армија против бунтовниците во провинцијата Идлиб би предизвикала хуманитарни и безбедносни ризици, чија цена би можел да ја плати целиот свет, порача турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во авторски текст во весникот „Волстрит Џурнал“.
– Офанзива на сириската армија во провинцијата Идлиб ќе предизвика хуманитарни и бебзедносни ризици по Турција, Европа и други континенти, оценува Ердоган.
Сириски и руски авиони минатата недела ги возобновија воздушните напади врз бунтовниците во Идлиб, што би можело да претставува вовед во копнена офанзива на владините сили против последните бунтовнички упоришта во Сирија.
– Сите членки на меѓународната заедница треба да ја прифатата својата одговорност во пресрет на очекувната офанзива во Идлиб. Последиците од тоа се огромни, истканува Ердоган во текстот.
Тој оценува и дека и Русија и Иран носат одговорност за избегнување на хуманитарна катастрофа во Идлиб и ја повикува меѓународната заедница да изврши притисок за изнаоѓање политичко решение за Сирија.
Comments are closed for this post.