Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција соопшти дел од листата на кандидати за градоначалници кои ќе се тркаат на локалните избори во октомври, додека преостанатите имиња ќе бидат познати во наредните денови.
На некои места одиме со поддршка на истакнати интелектуалци, доктори, стопанственици, кои се нова генерација на политичари кои што ќе работат за доброто на народот, рече Николоски, кој напомена дека кандидатот за градоначалник на Скопје ќе биде познат до крајот на август.
Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори 2021:
Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата
Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник
Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја
Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен
Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник
Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината
Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник
Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот
Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик
Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител
Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант
Валандово – Тони Узунов, стопанственик
Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината
Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран
Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки
Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош
Демир Капија – Андон Донев, наставник
Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер
Прилеп – Борче Јовчевски, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство
Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител
Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси
Новаци – Стевче Стевановски, агроном
Вевчани – Спасе Кочовски, социолог
Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт
Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг
Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, совеник во општината
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца.
ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика!, рече синоќа лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Comments are closed for this post.