Од денеска стартуваат новите мерки за против ширењето на корона вирусот. Но, угостителите се далеку од подготвени за нивно спроведување во кафулињата и рестораните. Според претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски, недостигаат соодветни правилници за тоа кој воопшто треба да биде редар. Од друга страна, пак, Јосифовски вели дека угостителите немаат ниту услови, ниту можности, ниту соодветен персонал за да ја врши оваа функција.
Новите мерки предвидуваат задолжителна контрола на потврди за вакцинација при влез во секаков објект на отворено, каде има повеќе од 30 лица, но, и друг вид на настани од отворен карактер. Пред два дена, Владата ја олабави мерката со која освен вакцинираните и прележаните со ковид 19, со рок не подолг од месец и половина, можат да влезат во угостителките објекти
Comments are closed for this post.