Најбогатиот француски клув ПСЖ ја закупи Ајфеловата кула за 10 август. На тој датум таа ќе биде обоена во црвено-сино и ќе може да се одржуваат промоции. Со ова веднаш почнаа шпекулациите дали може на тој датум во Париз доѓа Лео Меси кој ја напушти Барселона.
Ова би можело да биде точно ако се знае дека последен пат ПСЖ ја изнајми Ајфеловата кула беше на презентацијата на Нејмар, кој пристигна во Париз во 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.
Comments are closed for this post.