Во Македонија власта спроведува политички прогон што кулминира со заканите и уцените насочени кон ВМРО-ДПМНЕ со цел да се скрши партијата и нејзиното актуелно раководство и да биде попречено нејзиното нормално работење, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму посочуваат дека во тие обиди се врши жестока злоупотреба на државните институции.
Единствениот аболициран политичар за криминал Зоран Заев знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси и затоа не бира средства со кои што ќе си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е македонско и општиот грабеж кој што Заев и картелот околу него го реализираат во моментов.
Затоа Заев одлучи да го направи и последниот чекор и да го впрегне неговиот последен адут, партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд и да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Партиското, непрофесионално и селективно специјално јавно обвинителство еден месец после референдумскиот дебакл на Заев и СДСМ, побара да биде замрзнат целокупниот имот на партијата, а судиите Весна Димишкова и Седат Реџепагиќ, без никаква основа веднаш скокнаа да помогнат и да донесат позитивна одлука по барањето на СЈО – изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, за првпат во историјата на Република Македонија, но и за прв пат на европско тло се бара замрзнување на имот на политичка партија која што е во опозиција.
Ова е демократијата и демократските принципи за кои што се залагаат Заев и СДСМ! Принципи со кои што однародената власт се обидува да го умртви секое поинакво размислување и да забрани секакво политичко делување кое се разликува и кое не се согласува со антидржавните политики на Заев и СДСМ – истакна Јанушев.
Од опозициската партија, истакнуваат и дека со постапката за занрзнување на имотот на партијата се повредени и протоколите и праксата на Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за заштита на човекови права.
Comments are closed for this post.