Државниот обвинител Љубомир Јовески со резерва ги прима објавите на Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“ за обвинителката Вилма Русковска.Тој вели дека овие изјави на обвинетиот мора да се проверат пред било што да се провери.
Обвинителството ги проверува овие изјави на обвинетото лице. Да не ги прејудицирам работите.Не значи дека ако некој дал одредена изјава не значи дека е точна или веродостојна-изјави денеска државниот обвинител.
Јовановски минатата недела изјави дека имале честа комуникација со Русковска и дека во една од пораките таа му се доверила дека ќе го апсат поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски и да прати екипа од 1 ТВ.
Comments are closed for this post.