Вистински хорор се случувал во старечки дом во Белград. Како што објавува „Курир.рс“, домот се вика „Холидеј Хаус“ и се наоѓа во населбата Петлово брдо. Таму старците биле изгледнувани, врзувани и малтертирани, раскажува поранешна вработена во домот. На потешките случаи не им менувале ни пелени а вода добивале само еднаш во денот.
Подрумот од домот служел за мачење а на тоа се пожалил еден од пациентите кои раскажал на ќерката и на една од вработените. Во најлоша биле старците со деменција и тие биле третирани како кучиња, без воздух и прозори.
Пациентите биле чешлани, искапени и облечени само кога имале посети а тоа морале да го најават кај директорката три дена порано. Првиот човек на домот, Александар Миловановиќ немала никава реакција на обвинувањата и безгрижно си објавувала фотографии во костим за капење на Фејсбук.
Comments are closed for this post.