Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по повод жалбите против пресудата за случајот „Диво Насеље“, која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје.
За случајот осудени се вкупно 33 лица од кои седум на доживотен затвор, а 13 на 40-годишни затворски казни.
Во престрелка во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група
За настаните од кумановската населба на 9 и 10 мај 2015 со затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица.
За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.
Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.
Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.
На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.
Пресудите подоцна во јули 2019 ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.
Comments are closed for this post.