Езѓан Алиоски вели дека не е доволно да се одиграат 70 добри минути за да се дојде до позитивен резултат на Европско првенство.
Разочаран од резултатот, вели дека на едно ЕП мора да се биде на високок ниво во текот на целиот меч за да се дојде до резултат.
Ми фалат зборови, не знам што да кажам. Знаевме дека Австрија е добра репрезентација, со добри индивидуални и дека физички се добри. Игравме добро, но направивме грешки и загубивме. Околу 70 минути игравме добар фудбал, но треба да играме добро 90 минути за да дојдеме до добар резултат. Нема време, треба да се подготвиме за Украина и имаме уште шанси да направиме нешто. Имаме нула бодови, но на крајот ќе видиме каде сме.
Comments are closed for this post.