Италија со победа го почна Европското првенство со триумф над Турција со 3-0. На домашен терен на Олимпико првиот гол на Европското првенство 2020 година е автогол на турскиот репрезентативец Мерих Демирал кој по центар шут ја смести топката во својата мрежа.
Италија продолжи со нападите и во второто полувреме и така дојде до сигурна победа. Најинтересниот момент на средбата се случи во завршната минута. Спинацола издрибла и проби од лево, сакаше да нафрли и упати топка кон пеналтикот, ама истата го погоди Челик в рака. Иако ситуацијата се проверуваше во ВАР собата, Макели одлучи дека нема елементи за најстрога казна и покрај домашните протести.
Comments are closed for this post.