Романската фудбалска федерација објави правила за навивачите кои планираат да присуствуваат на натпреварите во Букурешт.
Ова е добра вест за нашите навиачи кои се подготуваат да ја бодрат нашата репрезентација во Романија.
Македонија ќе одигра два меча во романската престолнина во групната фаза од Европското првенство. Тоа е доволна причина оваа информација да е од исклучителна важност за сите македонски навивачи кои планираат да бидат дел од натпреварите.
Надлежните органи во Романија имаат одредено три зони на држави – зелена, жолта и црвена зона. Во првата се земји од каде нема голема опасност, а последната е спротивна, односно во очите на органите се работи за држави од висок ризик.
Последниот извештај вели дека Македонија е дел од зелената-безбедна зона. Тоа значи дека за македонските фанови ќе важи следното правило:
-
Патниците кои пристигнуваат од земјите класифицирани во „зелена“ зона, можат да влезат во Романија без да бидат приморани на изолација или ПЦР-тест
Comments are closed for this post.