Билјана Клечкароска е автор на подарокот за Папата.
Ова дело, инспирирано од *Псалмот 42* , илустриран на мозаичниот под од крстилницата на најстарата базилика во Македонија, од сега натаму живее во Ватикан. Едно мало пламенче е запалено и од сега ќе топли и грее.
*Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули*
Двете пауници и гулабицата ги изработив во филигранска техника, наместа со чисто злато. Птиците облетуваат околу капка од горски кристал, која рачно ја обработив и позлатив со 24-каратно злато. Позадината е мозаичен тенок лист од лапис лазули, кој го изработив во Флорентинската техника на мозаична уметност. Ги претставува небесата.
Комбинацијата на техниките и избраните мотиви ги претставуваат едновремено фрагилноста на животот во заедница, бесценетата взаемност и споделувањето во слободата на духот симболизиран низ гулабицата и посветеноста на вечноста, симболизирана низ паунот.
Користените материјали и новото читање на овие древни христијански симболи, дискретно упатуваат на одговорноста да се градат благородни заедници во доба кога заедништвото е под голем знак на прашање.
Инспирацијата за ова дело е мозаик од крстилницата во Епископска базилика во Стоби, која датира од 4век, напиша Клечкароска на својот фејсбук профил.
Comments are closed for this post.