Иако вчера на брифинг Мицкоски директно и недвосмилено го посочуваше братот на премиерто Зоран Заев, Вице Заев, за изнуда од 250 илјади евра од битолската фирма Рубитон, а со име и презиме беше наведен и во скратениот текст од целиот случај кој од партијата го споделија со новинарите, денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не зборувал конкретно за него, туку братот на премиерот самиот се препознал во аферата.
Но, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, кој дојде денеска пред Обвинителството за да ги достави документите за кои тврдат дека се доказ за тоа дека записникот од исказот на оштетените е променет, ја повика шефицата на организиран криминал Русковска, меѓу другите да побара исказ токму и од Вице Заев.
-Ова е тест за обвинителството. Оттука бараме ЈО да почне да си ја работи работата и веднаш да ги повика Вице Заев, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и Оливер Спасовски,да ја прибави целокупната документација и да постапи согласно закон. – Миле Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако некој менувал изјави треба да сноси кривична одговарност, велат за Канал 5од Обвинителството за органзииран криминал, но не сакаат да ги коментираат обвинувањата од Мицкоски дека Русковска помогнала да се избрише дел од изјавата каде што се споменува братот на премиерот.
-Предметниот обвинител од Обвинителството постапува по Известувањето во онаа форма во која го добил во работа. Доколку некој поседува докази дека известувањето имало поинаква содржина при неговото изготвување, а потоа се направени содржински измени што би значеле извршување на кривично дело фалсификување, како и времето кога тоа е извршено, потребно е тие докази да ги достави до надлежното обвинителство – Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
ВМРО ДПМНЕ тврди дека во првичната верзија која била доставена од поранешниот началник во МВР Лазе Велковски до Русковска, било изјавено дека Вице Заев преку Васко Ковачевски барал средба со сопствениците на фирмата за да му дадат 250 илјади евра. Тој вчера за Канал 5 изјави дека се работи за шпекулација за негово лично оцрнување, а Мицкоски не проговорил на прес конференција пред камера бидејќи се плашел од тужба.
Comments are closed for this post.