Напнато беше денеска на судењето за Меѓународен сојуз. Она што сите го очекуваа, а тоа е дали судијката Гавриловска ќе дозволи да се прифати како доказ содржината од УСБ на Бојан Јовановски кое можеше да фрли нова светлина во целиот случај.
Но, тоа не се случи бидејќи судот дозволи само делумно да се презентираат како доказен матријал средбите, пораките, изјавите на Бојан со Зоран Заев, Стефан Богоев, Александар Кирацовски.
Од тоа што можеше да се види е дека Боки имал блиски и пријателски односи со сите нив.Па така во една од фотографиите може да се видат Боки и Богоев на вечера во ресторан на „Блек Фрајдеј“, потоа како и заедно ја прославуваат победата на Богоев на локалните избори.
Во комуникацијата со Кирацовски тој го предупредува за заинтересираноста на Финаниската полиција и за банката за пензионерката наречена „Лилето“.
Исто така судот не дозволи да се види јавно изјавата на Заев каде што тој вели дека ќе го помогне проектотот на Јовановски за иградба на старечки домови.
Се покажа само фотографија од нивна средба во Владата и ништо повеќе.
Боки вели дека Заев и останатите имаат обичај често да ги менуваат изјавите и затоа треба таа изјава на Заев да се слушне јавно.
Но, и онака во овој случај измамените се ставени на обвинителна клупа како измаминици-нагласи Јовановски.
Comments are closed for this post.