По неуспешната реализација на договорената средба со помош на посредници во струмичкиот хотел „Вила Парк“ меѓу битолскиот бизнисмен Васко Василев и лицето Вице Н., имало и телефонска вибер и пишана комуникација.
Првата телефонска вибер комуникација била уште при враќањето на Василев од Струмица во Битола. Притоа лицето Вице Н. му кажал на Василев дека во Битола ќе дојде лцето Горан Н. од Тотал и со него да ја завршат работата на ист начин како да е присутен тој.
По неколку дена, Горан Н. дошол во Битола, но Василев не бил достапен и најверојатно заминал на „планина“.
Наредниот ден, Василев на вибер добил порака од лицето Вице Н. во која пишувало: „Многу лош впечаток оставивте, недостапен си бил, а седиш во кафиќ, имам слики“.
А, по извесно време, бизнисменот добил и телефонски повик на апликацијата вибер од лицето Вице Н. при што тој му се обратил со зборовите: „Ќе си ја тераш твојата работа, ние нашата, па ќе видиме до каде ќе стигнеш“.
Comments are closed for this post.