Каде е една милијарда евра-беше едно од прашањата, што на денешниот брифин го постави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, укажувајќи дека граѓаните ги очекува лоша економска ситуација.
Мицкоски направи разлика меѓу растот на Брутодомашниот производ и задолженоста на државата. БДП годишно изнесува 700 милиони евра, а јавниот долг 1,7 милијарди евра. Парите земени од задолжувањето, пак, не се рефлектираат во капитални инвестиции, што би се одразило и во раст на БДП. Напротив, наспроти сите позитивни проекции на власта, тој не остварува позитивно ниво.
-Власта вели дека парите ги враќа кај граѓаните. За жал, јас не гледам такво нешто. Парите ги нема ниту кај граѓаните, ниту во капитални инвестиции. Каде е цела една милијарда евра? Според мене, некој или некои, не велам кои, ја земал таа милијарда и некаде се складирани во кеш, зашто ја нема ниту на трезорската сметка на НБРМ, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.