На инфективните одделенија во Македонија од коронавирус се лекуваат 170 пациенти, вкупниот број во цела држава е 298 лица

26.05.2021 / 13:32


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Повторно достапно онлајн закажувањето за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Целта на бугарските политичари e асимилација на македонскиот народ

пред 1 ден
Aнкета

Ајде на избори: Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно, ВМРО-ДПМНЕ четири пати подобра од СДСМ

пред 1 ден
Македонија

Бугарското МНР се налути на изјавата на Мицкоски за „глушецот“ Георгиев

пред 2 дена
Македонија

Тоа е како кога глушецот го задева лавот

пред 3 дена
Македонија

Филипче: Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Oние кои распродадоа се што можеше да се распродаде во минатото немаат кредибилитет да судат и пресудуваат

пред 3 дена
Македонија

Стефановски: Петтата колона во ликот на СДСМ ги урниса стратешките позиции на Македонија во надворешната политика

пред 3 дена
Македонија

Јовева: Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање

пред 3 дена
Македонија

Џабе Костадин ја чешлаше косата како Заев

пред 3 дена