Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, С.Ц Борис Трајковски.
И оваа година организатори на манифестацијата се Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.
Саемот на книга претставува најпозната манифестација за читателите и е проследена со масовна продажба на книги. Издавачите ги подготвуваат најновите изданија за презентација, а посетителите повторно ќе можат да изберат од големата и разновидна понуда од голем број домашни и странски автори.
За време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани, за кои посетителите и изложувачите ќе бидат навремено информирани.
И покрај ограничувањата кои се воведени поради пандемијата, се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители, велат организаторите.
Comments are closed for this post.