Од денеска почнува исплатата на мајските пензии за граѓаните кои не користат платежни картички. Пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата.
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 26.05.2021 година (среда);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.05.2021 година (четврток);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 28.05.2021 година (петок);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).
Пензионерите, пак, кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од утре, 26. мај.
Comments are closed for this post.