Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,977 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,619 денари.
Comments are closed for this post.