Во повеќе наврати во последниве две години најавувавме дека АД ЕЛЕМ е доведена во состојба на пропаст. Укажувавме за овие критични состојби кои настанаа откако се на власт СДС и ДУИ и дававме добронамерни предлози за решавање на проблемите. Но, владеачката коалиција СДС и ДУИ си тераше по свое и сега Република Македонија се соочува со реалната состојба – АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО станаа загубари, велат во својата објава од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Добро е да се знае каква состојба затекна во АД ЕЛЕМ коалицијата СДС и ДУИ кога дојдоа на власт во 2017 година и каква е сегашна состојба само после 4 години апсолутистичка власт.
Во 2017 година АД ЕЛЕМ беше во одлична техничка и финансиска состојба, со реновирана главна опрема во термо и хидро централите, со финансиска резерва од 20 милиони ЕВРА, без долгови кон никого и сите финансиски обврски према странски и домашни доверители исполнети. ВМРО-ДПМНЕ остави готови и спремни проекти за реализација на санација на електростатските филтри во РЕК Битола со затворена финансиска конструкција, готови проекти за решавање на проблемот со десулфуризација на издувните гасови, објавен тендер за помошна рударска механизација за РЕК Битола, модернизирани генератори, турбини и два котли во РЕК Битола, откриен јаглен за непречена работа на РЕК Битола за следните 7 месеци, одобрена физибилити студија и средства за рехабилитација на трета фаза на големите хидроцентрали, завидна резерва на вода во акумулациите за работа на хидроцентралите и многу други проекти.
Кога СДС и ДУИ ја преземаа власта во јули 2017 година, започна пропаста на АД ЕЛЕМ, а после тоа и на АД МЕПСО.
Најпрво сите започнати енергетски проекти СДС ги прекинаа, но нови не започнаа. Откриениот јаглен го потрошија, а нова откривка не направија. Водата од акумулациите ја истрошија сосема непланирано. Санација на електростатските филтри, како и десулфуризација не направија, нова помошна механизација во текот на 4 години не набавија, но затоа цутеше бизнисот за приватни ангажирања на компании за ископ на јаловина. Како резултат на тоа имаме рекордно намалување на годишното производство на електрична енергија, намалување на приходите и зголемување на трошоците.
Дури моменталната состојба на депонија за јаглен во РЕК Битола е нешто помалку од 20.000 тони, што е доволно за работа само за два дена . Работа со полн капацитет на РЕК Битола со три блока веќе одамна нема, се работи со еден или два блока и тоа двата на технички минимум, со што основната опрема на котелот и турбината се уништува. Состојбата со рударските машини е сериозна. Главниот Багер КУ300 е повеќе во дефект, откривка на јаглен нема, ископ на јаглен уште помалку.
Годишното производство на АД ЕЛЕМ е дадено во табела 1 , а опаѓањето на приходот со доаѓање на СДСМ на власт во табела 2.
Резултатот од владеењето на СДС и ДУИ за овие четири години е следен: oд одлична компанија во финансиски и технички поглед, АД ЕЛЕМ е доведена во состојба на тежок загубар, а последиците ќе ги трпат граѓаните уште многу години.
МЕПСО до пред една година важеше за успешна профитабилна компанија. Сега за 2020 година излегоа податоци дека МЕПСО е во загуба од 6.000.000 ЕВРА. Дали има влијание тоа што во АД МЕПСО дојде нов директор од редовите на ДУИ па веднаш профитот го “потрошија“ и влегоа во загуба или пак само се прикажа реалната состојба на компанијата?
Дали дополнително на ова има влијание непотребното партиско и рамковно превработување со партиски гласачи кои ништо не работат, а земаат високи плати?
Сега е повеќе од очигледно дека СДСМ и ДУИ одбраа да вршат уништување на електроенергетиката во Македонија.
Дали во изјавата дека РЕК Битола ќе се затвора поради т.н. „зелена енегетска транзиција“ всушност се крие нешто друго? Дали СДСМ откако ги уништи најдобрите енергетски компании сега ќе ги затвори, под изговор дека ги затвора заради „зелена енергија“?
Comments are closed for this post.