Испреплетено со музиката на Фолтин, надополнето со драмската изведба на актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска, претставата се обидува да ја обедини и соедини нивната музичка и актерска енергија катализирана од сценографот Валентин Светозарев.

Сето ова се поклопува со 200 години од раѓањето на Достоевски кој бил инспирација за многу генерации, акетри, писатели, музичари.

Ја тргнавме работата како музички перформанс, на која воглавно исполнувавме песни од Вицоски и анализирајќи ги стиховите откривме дека се многу блиски по она што Достоевски го пишува, вели Валентин Светозарев, сценограф.

Токму битолскиот театар често пати се навраќал на писателскиот гениј, Достоевски.

На некој начин може да се поврзат со некоја автобиографија, кога сме го читале, работеле, кои сцени останале неизиграни, недоискажани, можеби недоискажани, недобро исрежирани, сега можевме да го направиме по наше. Ние сме вклучени и во музичкиот дел од претставата, сите тие делови се споени, вели Огнен Дранговски, актер.

Премиерата е закажана за 21 и 22 мај во 20:00 часот, а заради ограничените места претходно треба да се направи резервација.