Заев владее со криминал и корупција, затоа Македонија е во рецесија, вели Мицкоски

20.05.2021 / 15:43


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ништо драматично нема да се промени во економијата со оваа влада и ние се уште ќе бидеме во рецесија односно БДП во минус.

Тој тоа го изјави при посетата во Штип, одговарајќи на новинарско прашање, при што посочи дека не е оптимист дека ќе има подобрување за овој квартал, а своето мислење го базира имајќи ги предвид параметрите кои се однесуваат на индустриското производство, преработувачката индустрија, странските инвестиции итн.

Мицкоски накратко ги анализираше владите на ВМРО-ДПМНЕ и владата на СДСМ и Зоран Заев при што посочи дека за време на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, парите кои се позајмувале биле вложени во стопанството и се генерирала додадена вредност, додека со СДСМ нема таква работа, а парите се украдени.

Јасно и кратко да објаснам, анализирав два периода. Првиот период се владите на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот период е владата на СДСМ предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски. Во првиот период БДП, односно што го произведуваат граѓаните пораснало за 4,2 милијарди евра, а долгот во тој период пораснал за 2,9 милијарди, што значи дека тоа што се позајмило било вложено во стопанството и генерирало додадена вредност. Додека пак во вториот период на владата на СДСМ и Зоран Заев имаме 700 милиони вера раст на БДП, но и раст на долгот од 1,7 милијарди евра, што значи дека немаме додадена вредност, туку одземена вредност од 1 милијарда евра, рече Мицкоски.

Тој истакна дека тоа се украдени пари, кои некаде во кеш сега се складирани и пари кои оваа влада ги злоупотреби.

Ако некој има било какви дилеми како владее Зоран Заев овие бројки го даваат одговорот на таа дилема со многу криминал, многу корупција и пљачка, нагласи Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Јавниот долг 59,6 проценти од БДП

пред 7 дена
Економија

Решен проблемот со превозниците, ЕУ ќе ги третира како професионалци

пред 1 нед.
Економија

2131 работници работат на сите автопати

пред 3 недели
Економија

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос

пред 3 недели
Економија

„Оне Македонија телекомуникации“ стана трет мобилен оператор

пред 4 недели
ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Николовски: Наплативме 105 милиони евра повеќе споредбено со 2024 година

пред 4 недели
Економија

Се зголемува увозот на половни електрични и хибридни возила

пред 4 недели
Економија

Мицкоски: Владините политики за раст на економија ги дадоа резултатите, по години на застој прв пат имаме реален раст на БДП од 3,5%

пред 4 недели
Економија

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне

пред 1 месец
Економија

Мицкоски до Филипче: Тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор катаклизма е комплимент

пред 1 месец