Три единици на бугарските служби за безбедност прислушкувале 32 политичари од опозицијата, меѓу кои и носители на листи на последните парламентарни избори, што се одржаа на 4 април, пишува Медиапул.
Ова за радиото Слободна Европа го обелодени копретседателот на Демократска Бугарија, Атанас Атанасов, повикувајќи се на свој „сигурен извор“. Тој додаде дека „информацијата е целосно автентична за јавно да ја изнесе“.
Претходно Атанасов во интервју за БНР изјави дека специјалните служби направиле злоупотреба со специјални разузнавачки средства, а целта била да бидат следени политичарите.
Според него, биле следени вкупно 32 опозиционери, опоненти на дотогаш владејачкиот ГЕРБ на Бојко Борисов, а биле ангажирани Внатрешната безбедност при Министерството за внатрешни работи, како и Дирекцијата за контратероризам на Државната агенција за безбедност.
-Апелирам техничкиот министер за внатрешни работи да изврши проверка и да се расветли овој скандал. Тоа е Вотергејт, разбирате ли, изјави Ангелов.
Comments are closed for this post.