Премиерот на Косово, Албин Курти, синоќа во Брисел побарал од пет земји-членки на Европската унија кои не ја признаваат самопрогласената независност на неговата земја, да го сторат тоа.

По вечерата организирана за водачите на Западен Балкан од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, Курти потенцирал дека тоа „ќе го одведе Косово кон европска интеграција“.

Го потврдивме нашиот интерес и подготвеност да се придвижиме кон ЕУ и истовремено разговаравме со пријателите и колегите овде во Брисел за тоа како да ни помогнеме во спроведувањето на реформите, а од друга страна да ги убедиме петте земји членки кои не ја признаа независноста на Косово да го препознаеме, пренесува „Танјуг“ од приштинска „Коха“.

Курти ја повтори потребата од визна либерализација за граѓаните на Косово.

Ние сме единствената земја во Европа што нема визна либерализација. Сè уште имаме визен режим, што е најголема пречка за талентирани млади луѓе во Косово да студираат и работат, оценува Курти.