Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посета на општина Битола во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање кажа дека голем дел од естрадни политичари креваат врева заради донесување на одредени закони додека самите не преземаат никакви мерки во форма на амандмани за да го спречат носењето на тие закони доколку не се сложуваат.

Мицкоски истакна дека не се сложува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го донеле законот за легализација на дивоградби сложно и дека СДСМ се оние кои континуирано го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека ги кочи законите.

-Па не би рекол дека опозицијата и власта сложно го донесоа, тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба нели тоа беше еден од оние закони кои што опозицијата беше обвинета од страна на власта дека го кочи така што не ги се согласил со ова ваше би рекол провокативно тврдење дека сложно го донесоа. Јас се чудам навистина таму има неколку естрадни политичари во парламентот кои што потоа кренаа голема галама еве во овој стил еве дека опозицијата и власта тоа го донесоа и се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат има и таква можност пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено. Така што јас навистина ги одбивам би рекол тие квалификации потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со информацијата дека претседателот Пендаровски не го потпишал законот за легализација на дивоградби рече дека право на претседателот е тоа да не го стори тоа но дека во минатото ставил потписи на многу поштетни закони како за економијата така за граѓаните и за националните интереси.

Право на претседателот е да не потпише закон тој го искористил своето право јас немам што тука да коментирам можеби треба него да го прашате зошто се одлучил за тој чекор да не го потпише овој закон кој што дошол кај него а потпишаа во минатото многу, многу поштетни закони и за економијата и за граѓаните но и за националните интереси, така што ве упатувам еве да го прашате претседателот Пендаровски што го мотивирало да се одлучи на овој чекор.

Претседателот Мицкоски дополни дека законот за легализација на дивоградби според уставната траекторија секако ќе дојде назад во парламентот и ги повика сите страдни политичари од парламентот да го искористат своето право за блокирање за законот и да не се кријат позади дневно политиканство токму кога државата е руинирана на секој план од штетните политики за Заев.

Еве и сега овој закон повторно ќе дојде претпоставувам во парламентот таква е уставната траекторија и ги повикувам сите пратеници и оние естрадни политичари во парламентот да поднесат неколку илјадници амандмани и да го блокираат овој закон ако мислат дека не треба да се донесе за да не биде после тоа ad hominem напади и дневно политиканство во услови кога имаме пандемија и буквално е урната државата поради неспособните политики на оваа власт.

Мицкоски рече дека една од многуте штетни политики е законот со кој владата да продава илјадници хектари земјоделско земјиште и објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е против тој закон и тој закон ќе биде блокиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Една од тие политики е овој закон со кој што планираат да продаваат илјадници, илјадници хектари земјоделско земјиште. Ние сме против и тој закон кога ќе дојде во парламентот еве уште од сега ви најавувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира амандмански доколку тие амандмани кои што се разумни и во заштита на интересите на граѓаните не бидат би рекол прифатени од страна на власта ќе биде истиот блокиран, ќе биде блокиран еве ние така функционираме. Ние не излегуваме јавно не излегуваме по социјални медиуми и да обвинуваме и да ги напаѓаме останатите туку еве во рамките на парламентот јавно ви кажувам дека тој закон ќе го блокираме, заврши Мицкоски.