Српските медиуми пишуваат неверојатна работа поврзана со криминалецот Велимир Беливук. Тој и неговата екипа на неколкупати купиле оружје од српското министерство за надворешни работи. Тоа не било ново туку расходовано оружје од кое полицијата сакала да се ослободи но не верувале дека ќе биде купено токму од кланот на Веља невоља.
Ја фативме врската помеѓу поранешните раководни структури на Министерството за внатрешни работи и оваа криминална група. Ја следевме трагата што ни ја укажаа доверливи извори од подземјето и дојдовме до откривање како функционира набавката на оружје за овој клан. Некои од полицајците имаа пристап до документи за расходување на оваа оружје беа ангажирани од овој клан за голема сума пари. Тие исправното оружје го претставуваа како неупотребливо, ги фалсификуваа документите и им го предадоа оружјето од магацинот на криминалците. Секако, станува збор за исправно оружје. Првите пресметки покажуваат дека околу 90 проценти од запленетото оружје во Ритопек на овој начин стигнало до тимот на Беливук-велат од полицијата.
Comments are closed for this post.