Утринава на скопскиот аеродром пристигна македонскиот војник кој е позитивен на Ковид-19, а кој од базата во Африка каде бил со посебен лет е донесен во Македонија.
Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша на Фејсбук министерката за одбара радмила Шекеринска.
Министерот за здравство Венко Филипче пред два дена посочи дека македонскиот државјанин со посебен лет ќе биде донесен во Македонија бидејќи во базата каде се наоѓал немало услови да биде лекуван.
Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега.
Comments are closed for this post.