Ако имаме предвид дека над 86% од Бугарите се обединети околу идејата дека ние не можеме да се откажеме од нашите историски корени и нашиот историски идентитет, од историскиот идентитет на бугарското население до 44-та во границите на денешна Република С.Македонија дека било со бугарски идентитет и бугарска национална свест, една идеја која 80 години го обединува речиси целиот бугарски народ, изјави во утринската емисија на БНТ, проф. Кирил Топалов, член на Заедничката мешивита комисија меѓу Бугарија и Република С.Македонија.

Тој нагласи дека на надворешнополитички план Бугарите се ориенттирани во две насоки – едните ја претпочитаат европската ориентација на Бугарија, а другите руската, а македонската кауза е единственото нешто што ги обединува.

Според него, надежите на политичарите во Република С.Македонија дека во сегашната политичка ситуација македонската кауза ќе биде предадена се пресретнати-Никој не може да ја принуди Бугарија да дозволи една држава, која не раскиналата со тоталитарната комунистичка државотворна енергија и форма на владеење и која самата се мачи да воспостави правила, според кои ќе биде дел од ЕУ. Тоа е страшно, дополни проф. Кирил Топалов.

Според него, Република С.Македонија не ги исполнува обврските од договорот со соседна држава-членка на Еу.

-Веќе треба да заборавиме на тоа дека тие ни се браќа, братучеди итн., вели Топалов и додава дека на нив терба да гледаме како на соседна држава кон која се однесуваме со симпатии и доверба, но и дека тие треба да возвратат со нешто.