Холандскиот јавен сервис НОС денес објави со потпис на главниот уредник дека е повлечен критички текст за милијардерот Џорџ Сорос откако тој предизвикал многу негативни реакции.
Статијата е објавена на веб страница на НОС (nos.nl) на 21 октомври која е критичка за Сорос. Идејата била да се опише контроверзниот лик на милијардерот и филантроп Сорос, како што се нарекува ширум светот.
Во уредничкиот коментар се наведува дека веднаш штом статијата била објавена, таа доживеала извесни измени, особено во насловот, но и тоа не било доволно, зашто негативните реакции на написот не престанувале. Се наведува дека критиките дошле од различни социјални средини и покрај тоа што текстот претрпел измени и му се додадени фусноти заради дополнителни објаснувања.
Имавме многу внатрешни дискусии со моите колеги од уредничкиот тим, особено за тоа како е објавен написот и што можеме да научиме од тоа. Ова е особено важно за нашиот интерен метод на работа како и за новинарската острина и атакот на свеста со написот што е напишан. После сето тоа, заедно со моите колеги од тимот решивме да ја повлечеме статијата, пишува во уредничкото обраќање.
Тоа значи дека за прв пат еден напис се повлекува и од архивата, затоа што статијата не ги задоволува новинарските стандарди.
Comments are closed for this post.