Еден ден откако се појави видео од турскиот криминалец Седат Пекер во кое тој за првпат открива дека имал добри односи со македонскиите политичари па дури и дека бил дома кај дома кај премиер има целосен молк од Заев и од Владата.
Никаква реакција, никаков демант со што само се подгреваат шпекулациите дека Пекер навистина дома кај Заев и оти премиерот можеби се плаши дека можеби ќе извади фотографии од средбата или средбите.
Во јавноста веќе се појавија фотографии и видеа од средби на Пекер со градоначалници, бизнисмени, поддржувачи на власта, па нема да биде изненадување ако се појави и фотографија со премиерот.
Јас го познавам премиерот на таа држава, бев гостин во домот на лидерот на Македонија. Се познавам со сите политички лидери во Македонија-вели Пекер.
Покрај тоа, Пекер беше возен и со полициска придружба и со уклучени флешери па ниту тоа е беше демантирано од страна на МВР.
Неодамна беше обелоденета аферата со која се откри дека на Седат Пекер му биле доделени маедонски документи на име Џадин Адемовски.
Oваа лична карта се уште е активна бидејќи МВР до сега се нема огласено дека лажните документи на криминалците се поништени.
Comments are closed for this post.