Васил Тупурковски, последниот член на Претседателството на СФРЈ по подолго време излезе во јавносст. Тој во заедничко интервју во „Политика“ заедно со членовите од Хрватска и од Србија, Стипе Месиќ и Борисав Јовиќ вели дека добро знаел каква е состојбата на меѓународната сцена, но по состанокот на претседателството во формат на врховната команда увидел дека Југославија нема да се спаси. Тогаш тргнале во акција
Знаејќи ги овие опасности, немав чувство дека е можно да се дејствува на поинаков начин за Југославија и во корист на тоа општество, отколку да ги поддржам ставовите на други некои наши заедници. Македонија, исто така, се определи за независност и самоопределување. Тоа е клучен момент во моето дејствување во претседателството. Тоа беа историски момент за мене-се присетува Тупурковски.
Comments are closed for this post.