Шведскиот милијардер Даниел Ек, чие богатство според списанието „Форбс“ се проценува на 3.5 милијарди фунти, потврди дека неговите намери да го купи англискиот прволигаш Арсенал се сериозни.
Англиските медиуми тврдат дека Ек е подготвен да инвестира две милијарди фунти за да ја преземе сопственоста на клубот од северен Лондон од американскиот милијардер Стан Кронке.
Ек, кој е извршен директор на шведската музичка платформа „Spotify“ ја има поддршката од фудбалските легенди на Арсенал, Тјери Анри, Патрик Виера и Денис Бергкамп, наведуваат англиските медиуми.
Според истите извори, трите поранешни ѕвезди на Арсенал ќе се вратат во клубот како дел од раководните структури во случај Ек да стане нив сопственик на премиерлигашот.
Comments are closed for this post.