Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се обрати на свеченоста за промоција на втората група од 55 од вкупно 120 професионални војници во прв подофицерски чин.
-Курсот за подофицери, кој се организира по 11 години произведе 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи. Првата група од 65 подофицери чија обука започна на 28 ноември 2020 година, а во прв подофицерски чин беше промовирана во февруари и втората група од 55 лица чија обука започна на 22 февруари, а се промовира на денешната свеченост. Обуката се реализираше на армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“, и тоа од страна на искусни инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и извидувачко – разузнавачкиот баталјон, се вели во соопштението од Министеството за одбрана.
Курсот за подофицери се состои од повеќе теми и тоа – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.
Comments are closed for this post.