Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Битола одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат изјави дека тој не би се мешал во внатре партискиот дел на СДСМ, но тој изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба.
Најголемата забелешка на Владата по однос на директорот Пауновски беше зошто тој пркосел на премиерот и на вицепремиерот. Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити, посочи Милошоски.
И затоа тој смета дека овој случај со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за директорот кој се осмелил да работи законито, а тоа не е добро за нашата држава, рече Милошоски.
Comments are closed for this post.