Изведбата на „Ана Каренина“, на Новосадскиот театар (Újvidéki Színház), претстава во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, оствари апсолутна доминација на јубилејниот 70-ти Фестивал на професионални театри на Војводина, освојувајќи седум фестивалски награди.
„Каренина“ беше вклучена во изборот, покрај уште шест други претстави на театрите на Војводина, а за наградите одлучуваше жири во состав: режисер и писателка Вида Огњеновиќ, сценограф и костимограф Миодраг Табашки и актер и професор Предраг Момчиловиќ.
Новосадската претстава е прогласена за најдобро достигнување како целина, наградата за најдобар режисер му припадна на режисерот Дејан Пројковски, а Тима Филеп и Арпад Месарош (во улога на Ана Каренина и Вронски), освоија медали за најдобра женска и машка улога, Валентин Светозарев за сценографија, Марија Папаучевска за костумите, додека Олга Панга ја зеде специјалната награда за сценското движење.
Comments are closed for this post.