Поранешниот припадник на неонацистичката грчка партија Златна зора, Јоанис Лагос, е уапсен во вторникот во Белгија откако Европскиот парламентот му го укина пратеничкиот имунитет.
„Јас сум во автомобил на белгиската полиција. Крадци, атеисти, антигрци ме водат во затвор. Останувам верен на Христос и Грција. Горд сум што никогаше не потклекнувам. Нека долго живее Грција. Нека долго живее православието“, го потврди на Twitter своето апсење Лагос.
Челниците на Златна зора беа осудени ланскиот октомври на затвор во судовит во Грција поради организирање и водење криминална банда поврзана со злосторства од омраза во неколкугодишниот перидот на економската криза кога земјата беше неколкупати спасувана од банкрот.
Шестмина поранешни пратеници, вклучително и Лагос и лидерот на неонацистичката партијаНикос Нихалолиакос, добија по 13 години затвор. Лагос го избегна апсењето отпатувајќи во Брисел на денот на изрекувањето на пресудата.
Одлуката на европските пратеници да му го укинат имунитетот им овозможи на белгиските власти да го уапсат. Ќе ѝ биде предаден на Грција каде што ќе ја отслужи затворската казна. Лагос ја поднесе оставката од членството во Златна зора во 2018 година.
Comments are closed for this post.