Талат Џафери не треба да си поигрува со оган, бидејќи најчесто поради тие игри страдаат граѓаните, а исто така Џафери не треба да поигрува со граѓаните поради тоа што неговото минато е контроверзно и нема легитимитет да го прави тоа, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање за случувањата во собранието и однесувањето на Талат Џафери.
Според Мицкоски спикерот Џафери е тој кој треба да овозможи непречена работа во Собранието и работна хармонија, а не да ја префрла вината на опозициските партии поради тоа што законите кои ги договарале со неговиот шеф Заев не поминуваат толку лесно. Тој додаде дека Заев и Џафери си поигруваат со оган кој може да ги изгори, а потоа нема назад.
ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори со сите свои алатки да го спречи ваквото однесување на Џафери и власта во Собранието, а доколку истото продолжи да се случува, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе размислува и на други опции преку кои сигурно ќе го надмине таквото однесување на спикерот и неговиот шеф Заев, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека Собранието на Република Македонија е институција која што е градена од сите граѓани на Република Македонија, а нејзината задача е да ги решава проблемите на граѓаните и да изнаоѓа решенија, а не да се користи како простор каде Талат Џафери ќе дивее.
Comments are closed for this post.