Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека од јуни земјата ќе може да понуди вакцини против Ковид-19 на сите возрасни лица, врз основа на очекувањата дека ќе добие 80 милиони дози од производителите во втората половина на годината.
– Во зависност од реалниот број испорачани вакцини, постојниот систем за приоритет на најранливите групи ќе биде укинат најдоцна во јуни, нагласи Меркел на состанокот со премиерите на 16-те германски покраини.
Тоа не значи дека секој ќе може веднаш да се вакцинира. Сепак, секој ќе може да побара вакцина, објасни Меркел.
Како и во другите европски земји, кампањата за вакцинација во Германија започна бавно во декември, со само 10 проценти од населението вакцинирани до крајот на март.
Comments are closed for this post.