Владиките г.Петар и г.Агатангел победија во борбата со коронавирусот и за празникот Цветници служеле литургија, објави Религија.мк
Владиката Петар се причестил и земал учество на Светата Божествена Литургија во која говорел и за неговото искуство со Ковид-19.
-Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет. Од се срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за вашите Свети молитви за мене недостојниот.Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за Милистовиот
Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение! Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!, посочил г. Петар.
Comments are closed for this post.