Зоран Заев ја залажува македонската јавност со наводно освежување во СДСМ. Се додека тој е на чело на партијата СДСМ ќе биде заштитник на криминалот, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.
Зоран Заев е човекот кој што два пати е аболициран, еднаш за „Глобал“, а втор пат преку притисок врз судството за отфрлање на кривичната пријава случајот „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.
Зоран Заев е човекот кој беше споменат од Бојан Јовановски – Боки 13 дека кај него и брат му Вице завршила торбата со изрекетирани милиони. Зоран Заев е главата на административниот апарат во чие време се издавале пасоши на 215 светски нарко босови, криминалци, и терористи.
За какво освежување зборува Заев кога тој е до гуша во криминал?
А, Шекеринска пред да го напушти бродот што тоне нека каже што бараше со Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13 за време кога Бојан Јовановски – Боки 13 рекетираше низ Македонија.
Времето минува, но народот нема да заборави, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.