ВМРО-ДПМНЕ со кривична за Џафери и пратениците со скафандери (ВИДЕО)

20.04.2021 / 15:17


Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, истакна денеска Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа очекува дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.

Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој што овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Оваа кривична пријава ќе ја дадеме на процесуирање во Јавното обвинителство и се разбира дека по неа треба да постапуваат.

Кривичната пријава се однесува за двајцата пратеници со скафандери и спикерот Џафери.

 

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Водата во Гоствар наскоро ќе може да се пие

пред 6 часа
Македонија

Може ли барем независноста да не ја делиме по партиски штабови?

пред 6 часа
Македонија

Бујаре, ти ветуваме дека кога ќе го испраќате Ахмети за Хаг таблите ќе бидат двојазични

пред 6 часа
Македонија

На ДУИ им пречи што во спотот за Денот на независноста го нема почетокот на преговорите со ЕУ

пред 11 часа
Македонија

Димитриевски: Јас и луѓето заедно со мене во мојот тим, со СДСМ расчистивме многу одамна

пред 12 часа
Македонија

Николоски за односите со Бугарија: Нормално е двете држави да комуницираат, нема ништо страшно во комуникацијата

пред 23 часа
Македонија

Заев од јахта во Грција ја диктира цената на пиперките

пред 1 ден
Македонија

Големи намалувања: Дизелот поветинува за осум, а бензините за четири денари по литар

пред 1 ден
Македонија

Вакви икони има во Лувр, Метрополитен и христијански музеј во Атина: Во Охрид претставена „Исус Христос на престол“ од XIV век

пред 3 дена
Македонија

Радев: Бугарија ги почитува различните етнички заедници

пред 3 дена
Jojobet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbetHoliganbetjojobetgrandpashabetimajbetcasibomiptv satın albetcioGrandpashabetAnkara escortAnkara escortgrandpashabetbetvole girişEscortes BelgiqueCasibomGrandpashabetgrandpashabetJOJOBET GİRİŞLERİcasibom