Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија „Фајзер“.
Според норвешките медиуми, Пал Андре Холм, кој стана славен по своите силни тврдења дека вакцината на „Астразенека“ и „Оксфорд“ предизвикува опасни згрутчувања на крвта, пропуштил во научното истражување што го потпишал да спомене дека добил повеќе од милион норвешки круни од „Фајзер“ во последните пет години.
Насловот „Норвешките истражувачи кои стојат зад извештајот на ‘Астразенека’ имаат врски со конкурентите“, објавен од норвешкиот портал Омни пред три дена, вели дека неколку истражувачи кои стојат зад извештајот на Норвешка за несаканите ефекти на вакцината против Ковид-19 на Астразенека, имаат финансиски врски со конкурентни фармацевтски компании.
Групата беше предводена од Пал Андре Холм, професор на Универзитетската болница во Осло, кој добил над милион круни во изминатите пет години од „Фајзер“ и „Баер“ – компании кои работат на развој на вакцини. Други тројца истражувачи исто така имале слични врски.
Сепак, тие негираа дека тоа има некаква врска со извештајот за згрутчувањето презентиран во „њу ингланд журнал оф медицин“, но во исто време признаа дека требало да бидат потранспарентни во однос на приходот.
Comments are closed for this post.