Со цел да го спречи караванот имигранти од Централна Америка кои ги напуштија своите земји и тргнаа во Америка за да се спасат од социјалната беда, претседателот Доналд Трамп планира нив да ги чува во „новоподигнати градови“ и да распореди повеќе од 5.000 војници на границата со Мексико.
„Доколку сакаат азил, ќе ги задржиме се додека не се разгледа нивното барање,. Ќе ги задржиме, ќе им изградиме убави градови насекаде на патот“, изјави Трамп за Фокс њуз.
Тој истакна дека ќе се потрошат стотици милиони за подигање на тие градови за подигање шатори, а имигрантите таму ќе мора да чекаат на барањето за азил, а доколку го добијат ќе можат да си заминат.
-Ние, за разлика од Обама и другите, ќе ги земе луѓето и ќе ги ставиме не чекање. Кога луѓето ќе видат што се случува ќе биде полесно, објасни американскиот претседател.
Во моментов десетици илјади имигранти меѓу Гватемала и САД се на пат кон Америка, а најголемите групи се по околу 3.500 луѓе. Во караваните навлегле и лоши луѓе, бандити, напиша Трамп на Твитер.
„Ова е инвазија на нашата земја и нашата армија ве чека“, предупреди Трамп.
И Мексико распореди полиција и маринци на границата со Гватемала за да спречи навлегување на мигрантски бран.
Comments are closed for this post.